Лулу, осумгодишен граничарски шкотски овчар, остатокот од животот ќе го живее како разгалено и многу куче благодарение на великодушноста на 84-годишниот Бил Дорис, кој умре перд неколку месеци.
Лулу стана супер богат домашен љубимец откако со тестамент сопственикот му остави пет милиони долари. Бизнисменот Бил Дорис, кој немал оформено семејство, поради работата постојано бил отсутен од дома, па кучето го чувала пријателката на Бил, Марта Буртон (88).
Марта и сега ќе се грижи за наследничката Бил, Лулу, користејќи го огромното наследство на кучето оставено во фонд.
Не е јасно што ќе се случи со остатокот од наследството по смртта на кучето, пишува „Мирор“, пренесува „24 сата.хр“.