Најмногу снег на Попова Шапка – 44 санмтиметри, во Охрид седум, Битола шест, Штип четири… – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/21 6:45 PM

Најмногу снег на Попова Шапка – 44 санмтиметри, во Охрид седум, Битола шест, Штип четири…

Времето во целата земја денеска е облачно, студено и ветровито, насекаде со врнежи од снег и температури под нулата.

Според информацијата на УХМР најмногу снег има на Попова шаока 44 сантиметри, 13 Маврови Анови, девет Претор, седум Охрид, шест Битола, пет Пожаране, четири Штип, три Тетово, Берово, Ѓуриште, Тополчани, и два Прилеп, К.Паланка. Најмногу врнежи во текот на денов имало во Претор 9 литри на метар квадратен, шест Охрид, пет Пожаране, четири Тетово, два Берово, Струмица, Крива Паланка и Битола и еден Прилеп и Штип.

Температурата според мерењата на УХМР се движела од -14 Попова Шапка, -12 Маврово, -8 Берово, -6 Прилеп, Крива Паланка, -5 Охрид, Тетово, Штип, -4 Скопје, Битола, -3 Демир Капија, -2 Струмица, Гевгелија до нула во Претор.