Јелена Розга и Ален Исламовиќ за Денот на рударите во Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/18 8:55 AM

Јелена Розга и Ален Исламовиќ за Денот на рударите во Македонска Каменица

ММС, 24.07.2018

Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга и некогашниот вокал на „Дивље јагоде“ и на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ, ќе настапат во Македонска Каменица на 28 август, на Денот на Општината и Денот на рударите, а во рамките на јубилејното десетто Каменичко културно лето. Летото годинава ќе трае од 26 до 29 август, а на него ќе настапат и српскиот бенд С.А.Р.С., како и повеќе македонски пејачи и локални и регионални групи и диџеи.

Од едно од поранешните каменички културни лета

Каменичката локална самоуправа на 12 август ќе го организира и традиционалниот „Ден на дијаспората“, кога во манастирскиот комплекс Еленец во осоговското село Цера се собираат по неколку илјади иселеници. Во културно-забавниот дел на манифестацијата ќе има целодневна музичка програма, а ќе пее и Марјан Коцев.