Иконата на македонскиот и светскиот ракомет, Кирил Лазаров, официјално е новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија.
На вчерашниот состанок на Управниот одбор е донесена одлука доскорашниот капитен на селекцијата да седне на селекторското столче. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, изјави за медиумите дека со гордост е избран за селектор на ракометната репрезентација најголемиот спортист во историјата на земјава.
-Се договоривме со Кире Лазаров тој да биде нов селектор на машката ракометна репрезентација во период од една година, додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа следува четиригодишен договор како селектор. Ова е голем ден за македонскиот ракомет, изјави Мукаетов.
Лазаров ја презема репрезентацијата од тренерот под чија палка последно настапи на Светското првенство во Египет, Данило Брестовац.
Фото:
Facebook / Ракометна федерација на Македонија