Апсолутно не е точно дека нема државни пари во медиумите. И натаму има обиди за купување на медиумите, само што сега преку паритските кампањи се дели влијанието на повеќе центри на моќ. Неопходно е да се најде заедничко решение, со цел парите да не се делат некритички. Ова е став на претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски во емисијата Стадион на Канал 77.
-Само оваа година во медиумите се влезени шест милион евра јавни пари. И тоа – три милиони евра од изборите, од општините кои на прашањата на ЗНМ одговорија само 50% од нив, исплатиле 500.000 евра по разни основи, 700.00 до 800.000 евра по основа од ослобдување на придонесии средства по основа за ослободување од плаќање на дозволите во АВМУ.
Според Чадиковски, треба да се разговара и заеднички да се одлучи – дали понатаму треба да се прави фонд за медиумите, што според него несреќен е изборот на зборови, факт е дека модусот треба да биде изнајден меѓу власта и новинарските здруженија.
-Имаме медиуми кои купуваат странска шунд продукција, со тоа билдаат публика и после ја уценуваат владата со таа шунд продукција и тоа со наши пари. Тоа е билдање на рејтинг, кој го користат да постигнат одредени свои цели. Ние велиме да за модус, кој ќе го подигне квалитетот на програмата и новинарските продукти. Да, ако со тоа добиеме продукти за подигање на квалитет на новинарство, истражувачки стории за откирвање на корупција, за документарци, изјави Чадиковски во Стадион.
Може да се разговара за фонд за проекти, кои ќе продуцираат подобри новинари, задоволни газди и публика.