Клеопатра: Пендаровски не е корумпиран, би можел да се кандидира за втор мандат – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/21 11:33 AM

Клеопатра: Пендаровски не е корумпиран, би можел да се кандидира за втор мандат

Балканската јасновитка Клеопатра даде кусо предвидување за иднината на  претседателот Стево Пендаровски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Запрашана која е иднината на Пендаровски и дали го очекува втор мандат, таа рече:

-Иднината на претседателот на Македонија е добра. Тој е образовен човек, висок интелектуалец, со високи критериуми и господско држање, со многу  допломатки односи кон сите други колеги во поранешна Југославија. Кога велам  мислам на претседателите  на Босна,Србија, Црна Гора и така натаму…  Верувам дека заслужува и следен мандат, со тоа што јас како јасновидка не би можела да зборувам во јавност за некој кој лично, дирекно не ме прашал. Со оглед на тоа што вие ме прашувате како новинарка,  тоа не би било квалитетно толкување, како кога тој би ме прашал. Но, верувам дека можеби човекот нема време. Верувам дека тој еден ден  би можел да се кандидира повторно за претседател, со оглед на тоа што е квалитетен човек, не е корумпиран, предвиди Клеопатра.