Во неверојатен ФА Куп класик, Евертон на „Гудисон Парк“ во средата го елиминираше Тотенхем по продолженијата со 5:4 и се пласираше во 1/4 финалето од најстарото клупско фудбалско натпреварување во Англија.
Бразилецот Бернард влезе од клупа и го постигна победничкиот погодок кој ја „фрли“ клупата на Евертон во екстаза. Освен еден човек кој мирно и со чај во раката го проследи голот. Неговата реакција инстантно стана хит на социјалните мрежи и помеѓу фудбалската јавност, а на прес-конференцијата во пресрет на 24-тото коло во Премиер Лигата и дуелот против Фулам, новинарите не ја испуштија приликата да го прашаат италијанскиот стратег за симпатичната ситуација од студената ливерпулска вечер.
It’s the question we all wanted answered… 😆#bbcfootball #efc
— BBC Sport (@BBCSport) February 12, 2021
-Пиев чај затоа што смрзнав и после 90 минути не можев да зборувам бидејќи беше премногу студено. Побарав чаша чај и кога Бернард постигна гол не прославив поради две причини. Првата, имав чаша чај во мојата рака и втората, не бев сигурен дека голот е регуларен, изјави некогашниот тренер на Милан, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Челзи.
Евертон во следната рунда во ФА Купот го пречекува Манчестер Сити на домашен терен.