Во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77, Претседатлеот Стево Пендаровски одговаше на прашањето дали останува на ставот за одлагање на пописот на месец – два.
-Одложувањето го најавувам како опција, ако сакаат партиите, на месец или два. Не барам одложување на година. Само поради аргументите на опозицијата на ВМРО ДПМНЕ и Левица, дека поради пандемијата може нема да ви отворат, вели Пендаровски.
-Ако е тоа проблем, чекајќи ги вакцините, поради страв кај некои граѓани, заради пандемија само, зошто не би го одложиле на месец или два?! Пописот ни е потребе, проблем не е законот, туку терминот. Ако е проблем короната, мопе владата да рамизлува за одлагање за месец – два, изјави Пендаровски во Стадион.