Поради врнежи од снег и ниски температури претпладнево во 10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат”.
Забрана за сообраќање на камиони од 7 часот изутрината има и на патот Маврово-Дебар.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела, особено во југозападните делови.
До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри.
На планините снежната покривка ќе се зголеми.