Те видов и се заљубив, жено со небо во очите- Жарко и Андреа четири години ја испишуваат љубовната приказна – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/21 7:05 PM

Те видов и се заљубив, жено со небо во очите- Жарко и Андреа четири години ја испишуваат љубовната приказна

Јас:Те видов и се заљубив, мајко на моето потомство,вонземска убавино,жено со небо во очите свои,ме опи, ме запоседна,знаев дека ти си таа, вистинската, испратена од Бог за мене. Вечно ќе сме заедно, до последен здив.На овој посебен ден,твојот роденден,кога ти одамна прв пат гласот свој го крена,те прашувам- дали сакаш да ми бидеш жена?  Таа:Да!“.

Со овие зборови полни со љубов актерот од Театар „Комедија“, Жарко Димоски ја побара својата тогашна девојка Андреа Јосифова, сега веќе сопруга, за своја доживотна сопатничка.


Романтична просидба, но и романтична свадбена мини церемонија, со уште поромантична фотосесија на зајдисонце во Ровињ – Хрвaтска и тоа среде пандемија.


Љубовната приказна овој млад брачен пар, ја крунисаа минатата година во август во кругот на своите блиски роднини, во матичното во Ровињ, Хрватска. Чинот на ставање потпис на лист хартија и заклетвата на вечна љубов ја проследиле околу петнаесетина нивни роднини поради ограничувањата заради пандемијата, а славењето завршило во ресторан покрај море со Жаре, Андреа и нивните кумови.


Ровињ бил планиран како опција да го посетат, но пандемијата им ги поматила плановите околу датумите за свадбената церемонија.

„Јас ја имам привилегијата да сум двоен државјанин и на Македонија и на Хрватска, а со работата тој период бев слободен. И заминавме во Хрвстака со мојата тогашна вереница, сегашна сопруга и седевме таму два месеца. А зошто Ровињ?  Затоа што Ровињ е романтичен град, една безвременска убавина која што таму врие од љубов. Љубовта дише таму од сите агли. И затоа одлучивме токму таму да си ја направиме нашата свадбена сесија. За месецот  (август) не беше ништо конкретно. Јас сакав да биде на мојот роденден 29 јули, за да го памтам датумот, за да не заборавам на годишница. Хахах. Но, заради документите и формално правните работи  не можеше на мојот роден , па ете решивме да е 10 ти август, сопругата одлучи да е тој датум. Таму во матично стапивме во брак, тука треба да се преведат документите и ќе правиме свадба здравје кога ќе се намали пандемијата“, раскажа Жарко за ММС.


Планот бил минатиот септември во Скопје да направат свадба, меѓутоа поради ситуацијата ја откажале, па прават планови истата да ја одржат во мај, доколку се смири ситуацијата. Вели бракот не го сменил, туку само направил да му е поубаво.

„Ништо не сме смени откако сум во брак. Со Андеја веќе сме четврта година заедно, ние живеевме заедно од самиот старт на врската, само нешто е поубаво“, вели Жарко.


Бидејќи како пар имаат среќна љубовна приказна која заедно сеуште ја пишуваат, со оглед на денот на вљубените, Св. Валенин и денот на заштитникот на градинарите и лозарите, Свети Трифун, го прашавме Жаре како и дали тој и неговата сопруга ќе го прослават овој ден, и дали воопшто им значи?!


„Во принцип јас љубовта ја славам секојдневно, јас живеам од љубов и за љубов. Празник како празник, конвенционално светот одлучил дека тогаш треба да се слави љубовта, јас со тоа не се сложувам. Како што се слави и се величи жената секој ден, не само на „8 Март“, така го велам истото и за овој празник. Јас многу често знам да однесам дома, не само едно цвеќе, туку цели саксии. Да, можеби на самиот ден ќе се направи нешто, можеби вечера, можеби и претходната вечер не ни можеме да направиме нешто посебно со целата ситуација“, вели Жарко.


Како хедониста за вино, не може да се одлучи дали бело или црвено вино, но било кое да го одбере секогаш кај него буди убави спомени.

„Љубител сум на вино воопшто, хедониста сум за вина. Да одлучам дали црно или бело вино, не можам да одлучам. Се зависни од самата трпеза и храната. Бело вино ме потсетува на бозел, на убавина, на пролет, црвено вино на капини, малини, месо. Двете поеднакво, во дадената ситуација зависни“, вели Жарко.


Кога се зборува за виното, се поставува и клише прашање „дали во виното е вистината“, односно го прашавме Жаре што мисли по оваа теза.


„Нели велат „ин вино веритас“, јас велам „ин вино веридба“ ќе се опијанат, па ќе ги побараат девојките, а следниот ден им е криво. Може отвора нови светови, но јас ќе кажам дека мене многу светови ми се отвораат преку медитација и тренинзи, така што нешто посебно не ме отворил алкохолот, ниту си дозволувам да земам толку голема количина на алкохол за да ми ја покаже вистината“, раскажа Жарко.


Жаре советува љубовта да се слави секој ден, а на вашата сакана понежна или посилна половина да и правите изненадувања, но не мора со големи подарци, може да и подарите на пример, пишан збор.

„Мојот совет е  љубовта да се слави секојдневно, а еве доколку мора да празникот и некој го чувствува како обврска добро е да се направи изненадување. Изненадување во вид на поклон, а поклонот не мора да е нешто посебно може да е едно обично цвеќе, важен е гестот. Пишаниот збор, јас многу го сакам јас песни подарувам како што е песната „Да наздравиме“ јас и ја подарив на сопругата. Може некој ќе каже не знам да пишувам, можеш да најдеш, да украдеш некој цитат од интернет. Во секој случај направате им изненадување на саканите личности тоа ќе им значи сигурно“, вели Жаре.

Инаку со песната „Да наздравиме“, Жарко Димоски дебитираше на минатогодишниот Макфест, тој вели дека е презадоволен од тоа како поминала песната на радио станиците. Во моментов тој е актуелен по тоа што е во улога на водител на „Џентлемн Магазин“ што се емитува на МТВ.

Во неговата матична куќа, театарот вели дека се подготвуваат две премиери. Едната е во режија на веќе добро познатиот Синиа Ефтимов кој воедно се потпишува како режисер на мега популарната театарска претстава „Вардарски пастуви“.

„Работевме ние изминатава година доста, но со целите тие протоколи  и опасноста од вирусот не успеавме нешто да извадиме. Два прокети се готови, едниот е со Синиша Ефтимов „Клетвата на Скоти“ тоа е режисерот на „Вардарски пастуви“, целата екипа на „пастуви“ е таму и плус уште неколку дечки и девојки. Претставата е навистина генијална, падавица од смеење. Втората претстава е во режија на Марко Јурага се вика „Повторно тој“ тоа е нов текст пред година или две, Хитлер се враќа во 2020 година. Тоа е претства што ја работевме на зум платформата и тоа беше навистина многу чудно додека се навикнеш да работиш на нешто на што не си навинат, да се гледаш од дома, да глумиш  но ете ја сработивме претствата и сега сме поспремни кога ќе се вратиме во просторот, т.е на сцената, ќе биде многу полесно. Не очекуваат две нови премиери, што се сработени. Сега да видиме како ќе биде со целава пандемија, но не застанавме со работа, се надевам дека и нема да застанеме“, раскажа Жаре.

Вели дека карантискиот период го искористил за да се надгради самиот себе си, завршил онлајн курс за фитнес инструктор, а исто така посетувал и онлајн курс за магија и ментализам. Покрај тоа бил и креативно посветен, и напишал книга.

„Можам да кажам дека карантинот за мене беше доста плоден и најмногу се се дружев со мојата сопруга си ја негувавме љубовта. На музички план веќе работам имам неколку текстови, договарам со неколку композитори за да видам што да издадам следно, затоа што не сакам по секоја цена да издадам песна. На пролет сакам да направам три во едно издадам нова песна со спот, да ја издадам книгата и да направам мини концерт со гости колку ќе дозволуваат условите.  И ќе се стопли и на отворено повеќе ќе може да се размислуваат тие работи.“, раскажа Жарко за ММС.

Габриела Додевска