Започна тајното гласање за нов обвинител на Меѓународниот кривичен суд – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 9:54 PM

Започна тајното гласање за нов обвинител на Меѓународниот кривичен суд

Претставници на 123 земји-членки на Меѓународниот кривичен суд денеска почнаа со изјаснување преку тајно гласање во врска со изборот на нов главен обвинител. Тој ќе треба да ја замени сегашната обвинителка, Фату Бенсуда на која и’ истекнува деветгодишниот мандат.

Обвинителот во овој Суд го има едно од најтешките места во меѓународното право поради природата на случаите што ги разгледува. Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп минатата година воведе санкции за Бенсуда и еден од нејзините главни помошници затоа што продолжиле да ги истражуваат наводите за воените злосторства на Американците во Авганистан. Обидот да се постигне консензус меѓу земјите-членки не успеа, па процесот за именување нов обвинител мораше да премине на тајно гласање.

Сега во игра се четири кандидати – Британец, Ирец, Шпанец и Италијанец, а за избор е потребно апсолутно мнозинство од 62 гласа.  ООН има вкупно 193 членки, но повеќето од нив не се членки на Меѓународниот кривичен суд како САД и Израел. По првиот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го доби потребното апсолутно мнозинство. Инаку, новиот обвинител ќе стапи на должност на 16 јуни, а ќе има мандат од девет години. Овој Суд има седиште во Хаг.

 

Фото:    icc-cpi.int

Извор:   beta.rs