Во Врање вчера е регистриран заничтелен скок на новозаразени со коронавирусот. Дури 127 луѓе од градот на југот на Србија биле позитивни на вирусот. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ за РТС ги објаснува причините.
„Постои објаснување. А тоа е дека малку попуштивме во спроведувањето на мерките особено поради убавото време во изминатите денови, па дури и најдисциплинараните малку попуштија. Втората причина е што државјани на Македонија масовно доаѓаат во продавниците во Врање“, смета д-р Тиодоровиќ.