Украдени 162 пригушувача за автоматски пушки од поранешен погон за оружје во Самоков – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 6:38 PM

Украдени 162 пригушувача за автоматски пушки од поранешен погон за оружје во Самоков

Вчера во 15.00 часот во Полициската канцеларија Самоков, С.С.(36) од Скопје, управител на приватна фирма, пријавил дека во периодот од јули 2020 до 9 февруари 2021 од прирачниот магацин, лоциран во рамките на фирмата, поранешен погон за ремонт на оружје, сега погон за конфекција, непознат сторител одзел 162 пригушувачи за автоматска пушка и две цевки и кундаци за воздушни пушки.

Извршен бил увид на местото, а за настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Кичево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.