Шест малолетници од Струмица и Просениково заедно со 22 годишно момче од Скопје се сомничат дека извршиле дури 26 кривични дела кражби и разбојништва на подрачјата во Струмица Богданци и Гевгелија. За малолетниците струмичката полиција поднесе известувања до Основното јавно обвинителство во Струмица но и до Центарот за социјални работи во Струмица за видот и тежината на сторените дела. Како што информираа малолетниците организирано извршиле различни видови кражби при што употребувале сила или ја користеле немоќта на други лица.
,,Малолетниците се осомничени дека сториле 10 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, пет кривични дела „разбојништо“, две кривични дела „тешка кражба со искористување на немоќ или несреќа на друг“ и по едно кривично дело „одземање на моторно возило“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“. Покрај наведените кривични дела, за пет од малолетниците постои основано сомнение дека заедно со Р.Е.(22) од Скопје, кој престојувал во Струмица, извршилеи други шест кривични дела (едно кривично дело „разбојништво“, три кривични дела „одземање на моторно возило“ и две кривични дела „тешка кражба“),, соопшти Александра Трајанова од СВР Струмица
Како што соопштија од таму за еден од малолетниците од струмичкиот суд е доставен упатен акт и тој бил пренесен во воспитниот дом во Тетово. Инаку пред десетина дена полицијата поднесе кривични пријави и против тројца прилепчани кои во Струмица од повеќе домови украле пари , накит , мобилни телефони во износ од 20 илјади евра. Сите тие од обвинителството добија мерка претпазливост.
Ване Трајков