Лозарите бараат заштитна цена за грозјето и утврдување динамика за годинашниот род – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 4:14 PM

Лозарите бараат заштитна цена за грозјето и утврдување динамика за годинашниот род

Дванаесет денари  за смедеревка и 13 за килограм вранец,  бараат од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ за годинашниот род. Исто така, инсистираат да се формира заштитна цена за килограм грозје. На денешната прес-конференција, претседателот на здружението, Златан Стојчев, побара да продолжеле разговорите со Министерството за земјоделство и со визбите, за да се утврди динамика за годинашниот откуп на грозје.

-Средствата моментално многу ни’ требаат. Парите од два денара не ни се дадени. Најниска цена од 11 денари за килограм лани не се воведе. Ако нема заштитна цена оваа година ќе спроведуваме санкции. Ракијата која е произведена во Кавадарци да биде откупена. Акцизата од десет денари за литар ракија не ја прифаќаме“, вели Стојчев.

Тој побара од Владата да се разгледа можноста да им се плати по девет денари за килограм на лозарите, а тие да ги окројат лозјата и да немаат род оваа година.-

Од здружението исто така  побараа државата да доплати четири денари за откупеното грозје од „Тиквеш“ по цена од шест и седум денари.

 

Ангел Данов