(ВИДЕО) Фудбалерот на Палмеирас на бизарен начин изведе пенал и се посрамоти пред очите на целиот свет – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 2:06 PM

(ВИДЕО) Фудбалерот на Палмеирас на бизарен начин изведе пенал и се посрамоти пред очите на целиот свет

Микс на Бруно Фернандес, Нејмар, Жоргињо, Заза, Погба и тоа во нивните најлоши изданија и изведени удари од 11 метри.

Бразилскиот фудбалер во редовите на освојувачот на Копа Либертадорес, Рони, во дуелот за третото место на Светскиот Куп против Ал Ахли, во најмала рака се посрамоти пред очите на целиот свет.

Тој се обиде на бизарен начин да го изведе воведниот пенал во серијата со афричкиот првак, со намера да го деконцентрира и да…искрено, ниту ние, ниту целата фудбалска јавност има идеја за тоа што сакаше во целост да постигне бразилскиот интернационалец.

 

Народски кажано „да не си му во кожа“ на тренерот на Палмеирас кој ја загуби пенал-серијата и третото место на големиот светски собир. А и „да не си му во кожа“ на Рони кој е хит на социјалните мрежи и предмет на потсмев. Наравучение: никогаш не потценувај го противникот и „шутирај како што се шутираат пенали“. Толку е едноставно.

 

 

 

Фото:

lance.com.br