(ВИДЕО) Пеп покажа класа честитајќи им го трофејот на „своите“ и Ханси Флик – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 12:43 PM

(ВИДЕО) Пеп покажа класа честитајќи им го трофејот на „своите“ и Ханси Флик

Последната календарска фудбалска година комплетно е во знакот на Баерн Минхен. Германците освоија сè што може да се освои, демонстрирајќи немерлива сила и фудбал на највисоко можно ниво.

Отпуштањето на Нико Ковач за Баварците претставуваше пресвртна точка. На чело со Ханси Флик, дотогаш „само асистентот на Лев“ во националната селекција на Германија, минхенскиот гигант во своите клупски ветрини направи место за шест титули. Баерн е само вториот тим во историјата кој бил „сопственик“ на шест сребрени пехари.

Обединувањето на германскиот Супер Куп, Купот не Германија, Бундеслигата, Лигата на Шампионите, УЕФА Супер Купот и Светскиот куп, го впишува со црвени букви во богатото светско клупско наследство.

Голот на Бенџамин Павар беше и повеќе од доволен да се совлада мексикански Тигрес во финалето и да се заокружи фантастичното патешествие на Ханси Флик на клупата на клубот од Баварија.

Последниот трофеј претставуваше одличен повод за огласување на актуелниот тренер на Манчестер Сити и некогашен предводник токму на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола. Тој им честиташе на сите од „Баерн семејството“, а особено се задржа на Ханси Флик и неговото достигнување.

-Здраво на сите. Честитки за „Баерн семејството“ на овој неверојатен успех, титулата во Светскиот куп и шесте освоени трофеи вкупно. Многу сум горд, уште еднаш честитам до сите, играчите, стручниот штаб, Ханси. Но би сакал да се задржам на Ханси и да му кажам дека неговиот тим е само вториот во историјата кој во одреден момент „има ставено рака“ на шест титули, заедно со Барселона. Па…би можеле да го повикаме Меси и да играме за седма титула. Само кажи ми каде и кога, се пошегува Пеп Гвардиола.

 

 

 

 

Фото:

еurosport.com