Тренерот на Баерн, Ханси Флик освои повеќе титули отколку што неговиот тим претрпе порази – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/21 11:03 AM

Тренерот на Баерн, Ханси Флик освои повеќе титули отколку што неговиот тим претрпе порази

Баерн Минхен стана светски првак откако во Катар го победи мексиканскиот шампион Тигрес со 1:0. Баварците на тој начин ги обединија титулите европски и светски првак, но тоа реално и не е некое изненадување, туку статистиката која се појави после натпреварот.

Баерн првата светска титула ја освои во 2013 година, а синоќа го освои историски шестиот трофеј во рок од една година: Бундеслига, германски Куп, Суперкуп на Германија, Лига на шампиони, европски Суперкуп и светско клупско првенство. Германците на овој начин се изедначија со Барселона од 2009 година затоа што двата клуба освоија се што може да се освои во светот.

Вистински јунак на сензационалната година ре Ханс Дитер Ханси Флик. Тренерот на Баерн во ноември 2019 година привремено го презеде тимот и му беше речено дека ќе остане до крајот на сезоната, но веќе во април 2020 ја убеди управата да му понуди повеќегодишен договор.

Како ја убеди? Па Флик за тоа време освои повеќе трофеи отколку што неговиот тим претрпе порази. Флик го водеше Баерн на 68 натпревари, освои шест титули, а претрпе само пет порази. Тоа е еден трофеј на секои 11 натпревари.

 

Извор и фото: Talksport.com