Весна Дедиќ за порталот „Мондо“ откри што мисли за силиконите, зошто ги поддржува жените кои би смениле нешто на себе, но и мажите кои ги тераат своите девојки поради нив да изгледаат поубави.
За водителката Весна Дедиќ не постојат незгодни прашања, ниту тешки теми. Секогаш е спремна да зборува за се без влакна на јазикот, па така открила што мисли за трендот естетски корекции на кои се одлучуваат се повеќе млади девојки.
„Немам силикони, им благодарам на мајка ми и татко ми, ми заштедија доста пари. Неможам да кажам дека сум противник, ниту заговорник. Ако на некој му смета нешто на телото, тоа треба да го направи. Единствено за што сум голем противник и тоа им го кажувам на младите девојки, а тоа е да промени нешто на себе. Не знам, сега јаболчниците се популарни, вбризгуваат тие ботокси, што се вбризгува? Стави силикони, стави што сакаш ако ти самиот се правиш поубав, ако е тоа твоја потреба. А ако некоја битанга после неколку месеци забавување ти каже: Мене повеќе ми се допаѓа онаа другата, затоа што има поголеми гради, или помал нос, или полна уста, а ти како последна кокошка одиш и даваш пари и напумпаш уста, гради итн., мислам дека тоа е глупост. Сите се срамиме од своето тело, а се помалку има луѓе кои се срамат од својот мозок.“
Извор: Мондо.рс