Расте бројот на жртви на топлото време во Јапонија – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/18 6:43 AM

Расте бројот на жртви на топлото време во Јапонија

Најмалку 80 лица до сега починаа како резултат на жешкиот бран што ја зафати Јапонија во последните неколку недели.

До сега се хоспитализирани околу 35 илјади луѓе кои се пожалиле на последици поврзани со рекордно високите температури во последните три недели.

Изминатата недела просечните температури во земјата изнесуваа повеќе од 35 степени Целзиусови во сенка, во големите градови изнесуваа од 35 до 40 степени, а влажноста  била над 80 проценти.

Извор: МИА