Британскиот телевизиски и радиски канал BBC World News е забранет во Кина, соопшти кинеската радиодифузна агенција, една недела откако Британците и’ ја одзедоа лиценцата на кинеската државна телевизија (CGTN). Во соопштението, агенцијата наведува дека британскиот јавен сервис сериозно ги крши регулативите и извештаите поврзани со Кина, истакнувајќи дека вестите би требало да бидат „чесни и фер’“, но дека им наштетите на кинеските национални интереси – пренесува Ројтерс.
Поради тоа, британскиот канал не ги исполнува барањата во Кина и апликацијата за емитување на уште една година нема да биде прифатена – додаваат од агенцијата.
Би-Би-Си се огласи со соопштение по ваквата објава. Во писмената реакција, од британскиот јавен сервис велат дека се разочарани поради одлуката на кинеските власти.
Извор: rtv.rs