Холандија ќе им исплати по 5.000 евра на своите ветерани кои во 1995 година не ги спречија злосторствата во Сребреница – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 4:13 PM

Холандија ќе им исплати по 5.000 евра на своите ветерани кои во 1995 година не ги спречија злосторствата во Сребреница

Холандската Влада соопшти дека ќе им исплати по 5.000 евра на своите мировници во Обединетите нации, кои не успеаја да го спречат злосторството во Сребреница во 1995 година, како „гест и знак на благодарност“ за нивната служба во „ужасни околности“, пренесуваат босанските „Вијести.ба“ и „Аваз“.

Исплатата е еден од владините одговори на студијата во која биле вклучени 850 војници од холандската мировна мисија.

Како што пренесуваат странските агенции, Холандија долго време се бореше со последиците од злосторствата во Сребреница, а владата на поранешниот премиер Вим Кок поднесе оставка во 2002 година, откако холандските власти остро го критикуваа испраќањето трупи во опасната зона без соодветно оружје и овластување за заштита на триесетина илјади бегалци што дојдоа во холандската база во источна Босна.

Холандскиот Врховен суд пресуди дека Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 350 муслимани убиени од босанските Срби за време на злосторствата.