Исар Марвинци и Вардарски рид треба да се доистражат и уредат како Стоби за развој на културен туризам – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 3:08 PM

Исар Марвинци и Вардарски рид треба да се доистражат и уредат како Стоби за развој на културен туризам

Општините од Југоистокот и министерството за економија треба да поведат поголема грижа за археолошките локалитети во Југоистокот за да бидат мека за развој на културниот туризам. Овој дел од државата поседува огромен потенцијал но за жал ниту еден локалитет не е целосно истражен или уреден за да биде причина за посета. Вака вели археологот Зоран Рујак од струмичкиот музеј кој смета дека по примерот на Стоби треба да се истражат и уредат и локалитетите Исар Марвицни и Вардарски рид кај Гевгелија кои се покрај автопатот кон Грција

„Треба да се искористат оти се во непосредна близина на автопатот кон Грција и многу е фрекфентен. Но за жал таму нема ништо посебно Исар Марвиниц. Станува збор за локалитети кои се неми сведоци од нашата историја но не се валоризирани. Треба да се доистражат и уредат по примерот на Стоби и да се направи кампања акција, оти во Југоистокот ниту еден локалитет не е доволно искористен за културен туризам“, вели Рујак.

Рујак вели дека археолозите може само да помогнат во развојот на културниот туризам во овој дел на државата, но ќе мора да се инвестира. На тој начин ќе добијат самите локални општини како со влезници така и со продажба на сувенири, а од друга страна истите ќе бидат самоодржливи.

Зоран Рујак деновиве ја објави Монографијата Цареви кули од праисторија до римското царство во која се забележани сите пронајдоци но и животот на струмичани на овој локалитет во овој период.

Ване Трајков