Го сопреле за рутинска контрола, го уапсиле за украдено возило – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 3:10 PM

Го сопреле за рутинска контрола, го уапсиле за украдено возило

Велешанец бил сопрен за рутинска контрола а Полицијата утврдила дека возилото било украдено. Тој бил приведен а возилото „бмв“ му било вратено на сопственикот.

„На 10.02.2021 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип  го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес затоа што при контрола на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата Три Чешми, кое го управувал М.Б., било констатирано дека возилото било украдено на подрачјето на СВР Скопје на 09.02.2021 и е во сопственост на Џ.З.(46) од Зелениково, скопско. Возилото било одземено и вратено на сопственикот Џ.З., а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка“, информираат од Полиција.