Горнито дел од поројот Крушевска во Струмица за 578 илјади евра ќе биде шеталиште – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 2:42 PM

Горнито дел од поројот Крушевска во Струмица за 578 илјади евра ќе биде шеталиште

Во рок од осум месеци  поројот на каналот Крушевска во Струмица треба да прерасне во шеталиште, а двете сообраќајници од левата и десната страна да бидат проширани.  Градежните екипи почнаа да работат на терен за да го реализираат овој проект кој го доби фирмата „Жикол„ за 578 илјади евра. Станува збор за реконстуркција на горнито дел на отворениот канал кој ќе биде покриен и хортикултурно уреден. Според граодначалникот со реализацијата на овој прокет овој дел од градот ќе биде пофункционален.

,,Проектот подразбира реконструкција на истрошените делови, промена на самиот пресек на поројот, проширување на двете паралелни сообраќајници и покривање на истиот, хортикултурно уредување, осветлување и мислам дека овој комплексен проект значително ќе го промени изгледот на овој дел од градот и општо на целата Општина. Мислам дека значително ќе се подобри функционалноста и урбаниот и естетски изглед на овој каналот и сигурно ќе претставува еден украс на нашиот град, а воедно ќе биде и заштитен од оние несакани појави, како што се загадување и фрлање отпадоци во него, мислам дека ова ќе биде проект со којшто ќе се гордееме во иднина“, рече Јаневски.

Јаневски добил уверување од изведувачот дека можно е работите да бидат реализирани и порано од договорениот рок. Со оглед дека станува збор за порој кој честопати знае да се излева во долниот дел од градот заради надојдени води, Јаневски смета дека се направени детални анализи и дека подземниот канал ќе ги прифаќа водите.

Покривањето на поројот е еден предизвик или проблем којшто го размислувавме долго и консултиравме хидроинженери и градежни инженери и мислам дека се направени решенија коишто ќе овозможуваат ефикасно одржување на каналот и не постои опасност дека со тоа ќе се наруши функционалноста, напротив, мислам дека ќе биде подобра, има одредени инженерски решенија коишто го заштитуваат од можни несакани појави коишто и порано луѓето ги наметнуваа како еден ризик од оваа интервенција, меѓутоа тоа е согледувано и анализирано и верувам дека инженерите дадоа добри решенија, рече градоначалникот Јаневски кој овој проект го најави уште на почетокот на мандатот но со реализација го отпочна во последната година.

Ване Трајков