Малолетен штипјанец сторител на 22 кривични дела вчера бил спроведен во малолетничкиот затвор во Охрид на извршување на казна во траење од три години.
„На 10.02.2020, од страна на полициски службеници Штип, во содејство со Центар за социјални работи Штип, а врз основа на Решение од Основен суд Штип, обезбеден е малолетникот М.З.(17) од Штип, сторител на 22 кривични дела од кои 19 „тешка кражба,“ информираат од Полицијата.
Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Штип малолетникот бил спроведен до Малолетнички затвор Охрид за издржување казна затвор за деца во траење од три години.