Среден прст за Надал на „Австралијан опен“ – жена го навреди тенисерот, а тој изреагира како вистински господин (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 1:54 PM

Среден прст за Надал на „Австралијан опен“ – жена го навреди тенисерот, а тој изреагира како вистински господин (ВИДЕО)

-Рафаел Надал во втрото коло на Австралијан опен се состана со Американецот Мајкл Моу кој во првото коло по драмата го совлада Виктор Троицки.

Во првиот сет Шпанецот многу брзо ја заврши работата, а кога беше на чекор од освојувањето на вториот сет шокираше една жена од публиката.

Таа седеше ведаш до навивачите на Надал и позади неа јасно се гледаше шпанското знаме, но едно беше сигурно таа не беше навивач на “Бикот од Мајорка“.

Надал се подготви за сервис, кога таа му го покажа средниот прст. Шпанецот си ја покажа својата класа и изреагира така што само и се насмеа.

Прво покажа на неа, па на себе, прашувајќи дали тој гест беше уатен кон него. Кога сфати дека така  е во овој случај, кисело се насмевна и само продолжи да игра.

Цел стадион  беше во шок, а дамата која очигледно не го сака Рафаел излезе  од трибините и го напушти мечот.

 

 

 

 

 

 

 

Извор и фото: Мондо.рс