Македонија и Грција сакаат заедно да организираат ЕП во кошарка – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/18 2:42 PM

Македонија и Грција сакаат заедно да организираат ЕП во кошарка

Кошаркарските федерации на Македонија и на Грција прават напори двете земји заедно да конкурираат за домаќини на Европското првенство во кошарка за мажи во 2021 година или за жени во 2023. Ова го соопшти спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски, на денешната прес-конференцијата по повод претстојното Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б, што ќе се одржи во Скопје.

– Наша желба е да организираме Европското првенство заедно со Грција, без разлика дали за мажи или жени – изјави Темелковски.

Тој наведе дека во Македонија би се одржувало во Скопје, а Грција би го организирала во Атина и во Солун