Онлајн настан за волонтерството и младинската солидарност во време на КОВИД – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/21 7:17 AM

Онлајн настан за волонтерството и младинската солидарност во време на КОВИД

Младите европски амбасадори денеска ќе го одржат четвртиот онлајн настан наречен „Бои на волонтерството – сликање солидарност на младите”.

Од настанот, на кој ќе учествуваат млади луѓе од целиот регион, се очекува интерактивна дискусија за важноста на волонтерството и младинската солидарност, особено за време на корона пандемијата.

-Ќе имаме можност да слушнеме инспиративни приказни за секојдневни херои, ентузијасти, волонтери и претставници на организации од Западен Балкан и ЕУ кои ќе нè мотивираат да правиме добри дела и да станеме подобри луѓе, најавуваат младите амбасадори.

„Бои на волонтерството – сликање солидарност на младите” ќе се пренесува во живо на фб-линкот https://www.facebook.com/webalkans.eu.