Една од најистакнатите политички активистки во Саудиска Арабија, Луџаин ал-Хатлул денес е пуштена од затвор – објави на Твитер нејзиното семејство. Таа беше во затвор речиси три години, бидејќи се бореше за укинување на забраната за возење за жените. Ал-Хатлул беше осудена минатиот декември на скоро шест години затвор врз основа на Законот за борба против тероризмот. Обвинета е за злосторства кои групите за заштита на човековите права ги опишаа како политички мотивирани, вклучувајќи и спроведување странски агенди.
Нејзината сестра Лина ал-Хатлил објави снимка на која се гледа насмеаното лице на Луџаин, додавајќи дека конечно е дома. Таа е пуштена на слобода предвреме, откако судијата укина дел од нејзината казна поради добро однесување.
Иако е на слобода, таа има петгодишна забрана за патување и три години условна казна.
Фото: Instagram / loujainhathloul
Извор: b92.net