Време: Утре во текот на денот врнежливо и ветровито, а преку ноќта почнува вистинска зима – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 8:25 PM

Време: Утре во текот на денот врнежливо и ветровито, а преку ноќта почнува вистинска зима

Времето утре облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, од утре попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.