Во Италија се менуваат имиња на улици што досега го носеа името на Тито – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 7:37 PM

Во Италија се менуваат имиња на улици што досега го носеа името на Тито

Во Италија се води жестока дебата за преименување на улици што го носат името на Јосип Броз Тито. Иницијативата ја поднесоа Енрико Аими и Маурицио Гаспари од партијата „Форца Италија“. Титовото име го носат улици во десетина италијански града, пренесува РТС.

Дневникот „Џорнале“ и неколку десничарски политичари поднесоа иницијативи во повеќе од тие градови да се променат имињата на улиците именувани по некогашниот претседател на СФР Југославија, обвнинувајќи го за смрт на илјадници Италијанци по падот на режимот на Мусолини.

Прва мета беше улицата „Виа Јосип Броз Тито“ во Парма. Побаран е итен почеток на процедурата. Иста иницијатива има и во Науро, а властите во Скамптители го одбија таквото барање. Титовото име го носат и улици во Реџо Емилија и Казерта. Во гратчињата Корнаредо и Палма ди Монтекјаро, имињата на Титовите улици се веќе променети.