Дајте музика“ и Лозано пеат за „Другар“ (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 12:26 PM

Дајте музика“ и Лозано пеат за „Другар“ (ВИДЕО)

Уште еден голем хит на Лозано, овојпат во соработка со другарите од „Дајте музика“ (ВИДЕО) Ако на нашите радио станици го слушнавте последниот хит на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“.

Песната „Другар“ е веќе хит на радио станиците и на каналот Јутуб . Весела разиграна и забавна, песната „Другар“ највеќе од се‘ допре до децата. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат он-лајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж на сите деца за подобра иднина, а песната „Другар“ нe’ потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.

Лозано одлично се вклопи во концептот на „Дајте музика„ за една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат. Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски. Погледнете го спотот: