ОФИЦИЈАЛНО: Атлетико Мадрид и Челзи првиот дуел од 1/8 финалето ќе го одиграат во Букурешт – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 12:08 PM

ОФИЦИЈАЛНО: Атлетико Мадрид и Челзи првиот дуел од 1/8 финалето ќе го одиграат во Букурешт

Сега пристигна и официјална потврда од УЕФА. Првиот дуел од 1/8 финалето помеѓу Атлетико Мадрид и Челзи нема да се одигра на „Ванда Метрополитано“ во шпанската престолнина, туку мадриѓаните ќе го угостат англискиот претставник на „Националната арена“ во Букурешт.

Двократните финалисти во Лигата на Шампионите нема да бидат во можност да ги вкрстат копјата со тимот на Томас Тухел на својот матичен стадион поради мерките на шпанската Влада кои забрануваат летови во земјата од Велика Британија.

Датумот (23 февруари) и времето на осминафиналниот двобој остануваат непроменети. Вториот меч помеѓу овие две екипи ќе заземе место на „Стемфорд Бриџ“ на 17-ти март.

Ова не е единствениот случај во кој домаќинот во европските натпреварување ќе мора да пронајде алтернатива поради Ковид-19 околностите. Манчестер Јунајтед против Реал Сосиедад во 1/16 финалето од Европа Лига ќе го одигра првиот меч на стадионот на Јувентус, а не на „Аноета“, додека пак Арсенал ќе се судри со Бенфика на „Олимпико“ во Рим. Реваншите регуларно ќе заземат место на „Емирати“ односно „Олд Трафорд“.

 

 

 

Фото:

telegraph.com