Северна Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов.
Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ.
Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија, Бугарија, на први февруари годинава.