Еден неименуван тинејџер од Кенија имал неверојатна среќа. Тој како „слеп патник“ успеал да преживее лет од Лондон до Холандија.
16-годишен тинејџер преживеа и покрај иские температури додека патувал со теретен авион на една авио компанја, тинејџерот се држел за за фиксниот дел од тркалата.
„Слепиот патник“ е пронајден во авионот кој слетал на аеродромот во Мастрихт, по преиминувањето над морето на висина од околу 6.000 метри.
Тинјџерот (16) е среќен што е жив бидејќи имало и порано вакви слични ситуации каде „слепите патници“ умирале од смрзување.
Од холандската полиција навеле дека неименуваниот тинејџер моментално е во болница поради хипотермија и се надеваат дека ќе оздрави.
Додале дека овој инцидент можеби е поврзан со криминалци кои се занимаваат со трговија на луѓе, па овој случај треба посебно да се истражува.
– Имал огромна среќа што преживеа. Вакви патници во авиони се нормално реткост и воглавно не ги преживуваат ваквите врсти на патувања, рекле од службите за односи на јавност од аердромот во Мастрихт.
Извор: Информер.рс