Направете сами: Уникатни украси и подароци за Св. Валентин – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 10:10 AM

Направете сами: Уникатни украси и подароци за Св. Валентин

По повод Денот на Вљубените ви предложуваме неколку идеи како да ја надополните атмосферата со украсени миризливи свеќи.

Потребен материјал: Свеќи, сликарска четка, бел лепак и светки во боја.

Чекор 1: Нанесете лепак од страните на свеќите. Страните најчесто се пластични, така што лепакот лесно ќе го нанесете и ќе се задржи.

Чекор 2: Во мал сад истурете светки. Потопете ја свеќата во светките неколку секунди. После тоа извадете ја и ставете ја на хартија да се исуши. Повторете ја постапката и со останатите свеќи.

И тоа е тоа, свеќите се спремни. Секако ако имате светки и во други бои можете да експериментирате и да правите разни комбинации.

Направете венче-срце од нежни розеви цветови од филтери за кафе.

Потребен материјал: Повеќе парчиња картон, скалпел, пенкало, сад за боење на цветови, шрафцигер крстач, клешти, филтер кесички за кафе (околу 150 парчиња), црвена темпера или водена боја, четка за боење, коноп или трака, леплива трака.

Чекор 1: Во сад ставете вода околу 2,5 сm длабочина. Намокрете ја четката во црвената боја, па исперете ја во водата од садот.

Чекор 2: Поделете ги филтерите во 10-15 парчиња. Намокрете еден од одвоените филтери во садот со обоената вода и веднаш извадете. На тој начин ќе добиете прелевање од темно кон светло црвена боја. Повторете ја постапката и со останатите филтри.

Чекор 3: Намокрете ја четката во бојата и нежно поминете по врвот на секое купче филтери.

Чекор 4: Оставете ги филтерите на некоја стара крпа да се исушат преку ноќ.

Чекор 5: На картон нацртајте облик на срце( големина 30 cm, ширина 5-7 cm) и исечете со скалпел.

Чекор 6: Со шрафцигер направете дупчиња на картонот( претходно означени со пенкало). Дупките треба да бидат оддалечени 3-4 cm една од друга. Проширете ги со шрафцигер од прилика 1/2 cm.

Чекор 7: Раздвоете ги филтерите и направете цветови така што ќе ги фатите за средина и завртете(како на горната фотографија).

Чекор 8: Ставајте ги цветовите во дупките на картонот. Повторете ја постапката се додека не ги потполните сите дупки и не добиете венче.

Венчето можете да го искористите како украс или да додатете коноп и да го закачите на врата.

Извор/фото: Направисам.рс