Повеќе од милион непушачи годишно умираат поради изложеноста на чадот од цигарите – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 8:44 AM

Повеќе од милион непушачи годишно умираат поради изложеноста на чадот од цигарите

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од милион непушачи годишно умираат поради болести поврзани со чадот од цигарите, што се меѓу важните фактори на ризик за повеќе од 20 различни видови карцином и многу други болести, јавува Агенција Анадолија (АА).

СЗО прв пат на 31 мај 1987 година го одбележа Денот на борбата против пушењето и оттогаш секоја година ја подигнува свеста на јавноста за штетноста од пушењето.

Според информациите што ги доби новинарот на АА, тутунските производи се причинител за смртта на повеќе од половина нивни потрошувачи. Повеќе од милијарда луѓе во светот консумираат цигари, а 80 отсто од тие луѓе живеат во неразвиените земји и во земјите во развој.

Истражувањата покажаа дека на корисниците на тутун им е потребна помош во одвикнувањето од пушење. Исто така, многу мала бројка потрошувачи на цигари ја разбираат здравствената опасност поврзана со пушењето. Повеќето пушачи сакаат да престанат кога стануваат свесни за опасноста од тутунот, но само четири отсто успеваат во тоа ако им се пружи соодветната поддршка.

Повеќе од осум милиони луѓе секоја година умираат поради болести поврзани со употребата на тутун. Од тоа, повеќе од седум милиони директно се поврзани со употребата на тутун, а повеќе од милион луѓе секоја година умираат поради болести предизвикани од изложеноста на чадот на цигарите, иако не користат тутунски производи, односно се пасивни пушачи.

Оваа ситуација истовремено претставува сериозна опасност и за децата. Половина од децата во светот вдишуваат воздух загаден со чад од цигари, а околу 65.000 деца секоја година умираат од болести поврзани со чадот од цигарите. Пушењето од жените за време на бременоста предизвикува здравствени проблеми кај бебињата, од кои можат да патат доживотно.

Поради зависноста, тутунот исто така сериозно влијае и на приходите на домаќинствата, и како што негативно влијае на здравјето, отвора врати кон сиромаштија.

За се намали побарувачката за тутун и бројот на пушачи, за прв пат се воведени мерките како закон „без чад“, кои поттикнуваат престанување со пушење, здравствени предупредувања, забрана за рекламирање и промоција за консумирање тутун, како и даноци.

Се претпоставува дека растот на цените на тутунот за 10 отсто може да ја намали потрошувачката за четири отсто во земјите со висок доход и околу пет отсто во земјите со низок и среден доход.

Кирибати се на чело на листата на земји со највисока потрошувачка на цигари, со неверојатни 47,7 отсто, а следуваат Црна Гора (46 отсто), Грција (43,7 отсто), Источен Тимор (42,2 отсто), Русија (40,9 отсто) и Наура (40 отсто).