ЕСМ ќе ги претстави плановите и процесот на енергетска транзиција – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/21 7:25 AM

ЕСМ ќе ги претстави плановите и процесот на енергетска транзиција

Процесот на „енергетска транзиција”, кој подразбира премин од конвенционалните извори, како централи на јаглен или друг вид на фосилно гориво, во производство од обновливи извори денеска ќе го претстави АД ЕСМ.

Со цел да се обезбеди стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава, целиот процес, како што најавуваат од ЕСМ, ќе  се одвива постепено.

На претставувањето на процесот на „енергетска транзиција” ќе се обратат премиерот Зоран Заев и директорите на АД ЕСМ и РЕК Битола, Васко Ковачевски и Златко Ќурчиевски.