Ескалираа протестите во Мјанмар: Четири лица се повредени, жена се бори за живот – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/21 7:13 PM

Ескалираа протестите во Мјанмар: Четири лица се повредени, жена се бори за живот

Полицијата и демонстрантите во Мјанмар повторно се судрија, а повредени има и од двете страни. Денешниот ден всушност беше со најмногу насилство од почетокот на демонстрациите кои се организираа по минатонеделниот воен удар. Една жена е погодена во главата и според лекарите, веројатно нема да преживее. Помош им е пружена уште на три лица кои наводно се погодени со гумени куршуми, испукани од страна на полицајците кои користеле и водени топови.

Државната телевизија објави дека има и повредени полициски службеници кои настојувале да ги растераат демонстрантите. Во Мјанмар веќе со денови илјадници граѓани се на улиците во знак на незадоволство од забраната за одржување митинзи, но и во знак на протест против воениот удар. Полицијата досега приведе најмалку 27 лица, меѓу кои има и новинари.

Западните влади го осудија ударот, а на барање на Велика Британија и Европската унија, Советот за човекови права на ООН во петок ќе одржи специјална седница на која ќе се разговара за кризата во Мјанмар.

 

Фото: Twitter /  Frontier Myanmar

Извор:  index.hr