Неверојатно долго пријателство помеѓу Турчин и лебед, кој го спасил пред 37 години – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/21 4:49 PM

Неверојатно долго пријателство помеѓу Турчин и лебед, кој го спасил пред 37 години

Несекојдневното пријателство помеѓу пензиониран турски поштар и лебедот што го спасил трае речиси четири децении. Реџеп Мирзан ја пронашол Гарип (женка лебед) пред 37 години во западната турска провинција Едрене. Мирзан со група пријатели оделе по тесен скратен пат со автомобил кога го забележале тофаш младиот лебед со скршено крило во празно поле. Мирзан веднаш ја зел птицата, постојано ја држел во раце во автомобилот и попладне ја однел во својот дом.

Од тој ден лебедот живее на неговиот имот во областа Карагач која граничи со Грција. Гарип го следи Мирзан секогаш кога ќе излезе од куќата, оди по него додека ги извршува работите на имотот, а вечерта заедно одат на прошетка во природа.

„Бидејќи сакам животни, си реков дека треба да го однесам дома, да не остане лесен плен за лисиците. Навикнавме еден на друг. Никогаш не се раздвоивме“, вели Мирзан за АП, пренесува „Бета“.

Мирзан го именувал галебот Гариб, што во превод би значело „чудно“, а се користи и за личности што ги напуштила среќата.

Мирзан, 63-годишен вдовец без деца, вели дека кон лебедот се однесува како кон свое дете. А дека не му е лошо и на Гарип со Мирзан може да потврди и податокот што просечниот живот на лебедот во дивина изнесува 12 години, а на тие во заштитени средини може да потрае и до 30 години. Гарип за речиси цела деценија го надмина тој максимум.