Пандемијата со корона вирусот сè уште е во полн ек, а силниот имунитет е вистинска одбрана од овој вирус.
Телото најдобро се зајакнува со природни пијалоци, храна и витамини од овошје и зеленчук. Оваа комбинација на состојки има корисен ефект врз организмот и може да го зајакне имунитетот ако редовно се пие.
Потребни состојки
-20 грама ѓумбир
-3 лимони
-2 лажички мед
-четвртина лажичка мелен бибер
-чаша вода
Подготовка:
Излупете го лимонот исечете го на мали коцки и ставете го во блендер. Додадете рендан ѓумбир и вода. Измешајте сè добро, а потоа процедете го преку цедалка. На крајот, додадете го мелениот бибер и мед.
Чувајте го овој сируп во стаклена тегла, во фрижидер и пијте 30 ml измешани со 30 ml вода секој ден.
Извор и фото: Курир.рс