(ВИДЕО) Вo „Цвајте“ прекините се изведуваат на малку поразличен начин – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/21 2:08 PM

(ВИДЕО) Вo „Цвајте“ прекините се изведуваат на малку поразличен начин

Германското второ по ранг клупско фудбалско натпреварување, со години важи за едно од поквалитетното во Европа, а концентрацијата на квалитет помеѓу екипите е на поприлично високо ниво.

Поранешни освојувачи на Бундеслигата, освојувачи на Лигата на Шампионите, довчерашни редовни партиципиенти во првата лига. Од сè по нешто.

Интересен детаљ беше забележен на натпреварот од 20-тото коло помеѓу Карслуе и Регенрсбург. Домаќините не успеаа да ги освојат трите бода на домашен терен и да фатат приклучок кон врвот и местата кои тежат промоција следната сезона, но затоа на фудбалската јавност му манифестираа еден неконвенционален начин на напаѓање при прекин.

Овојпат експериментот беше неуспешен, во иднина, којзнае. Како и да е, мора да се признае, навистина оригинално. А и што друго да се очекува од Германците во оваа игра.

 

 

 

Фото:

sportbible.com