Летото е создадено за долги вечерни дружби на балконот или во дворот со вашите пријателите, а со ова мохито таквите моменти ќе станат уште поинтересни и поисполнети! – Па, што чекате?! Поканете ги вашите пријатели на забава и израдувајте ги со овој неверојатен пијалак. Време е за мохито со лубеница!
Сите бараме начин плус како да се справиме со летните горештини, како да се разладиме и освежиме. Кога помислуваме на освежување тука секогаш на прво место ни се сладоледите.
Оваа доза е за една чаша, а истата може да се прилагоди во зависност на бројот на вашите гости и пријатели. Едноставно зголемете ја количината на состојките според вашите потреби, изблендирајте и препуштете и се на забавата.
Состојки:
- 1 лажица шеќер
- 2-3 листови свежо нане
- 150 мл блендирана ладна лубеница
- 150 мл кисела вода
- 40 мл бакарди или бел рум (за оние кои не се љубители на алкохол може и без)
- една рака мраз
- 1,5 лажица сок од лимон или лимета
- листови свежо нане и лимон за декорација
Подготовка:
- Најпрво, чашата за мохито се полни со мраз.
- Ладната лубеница се блендира, се процедува од семките и се додава во чашата.
- Во сад за толчење се ставаат шеќерот, листовите свежо нане, сокот од лимон или лимета и белиот рум. Целата смеса убаво се толчи и се додава во чашата за мохито.
- На крај, чашата се дополнува со кисела вода и се декорира со ливчиња свежо нане и лимон. Се служи ладно. На здравје!
Рецептот го испратил: Лидија Јошевска
Преземено од:sezahrana