Со тетоважи си го олеснила животот: Не знаела што е лево, а што десно, па се сетила на креативно решение – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/21 9:32 PM

Со тетоважи си го олеснила животот: Не знаела што е лево, а што десно, па се сетила на креативно решение

Студентка од Австралија цел живот мака мачела со тоа да ги разликува левата и десната страна. Дваесет и двегодишната Д’ Кодиа Лејн нашла креативен начин да го реши проблемот. На дланките, малку под палците, таа истетовирала ознаки за левo (L – left)  и десно (R-right).

Девојката наведува дека неможноста да прави разлика меѓу лево и десно, била голем проблем кога полагала за возачка дозвола, бидејќи неколку пати тргнала во спротивна насока, а не во онаа што требало. Таа додава дека пријателите и’ се смееле кога виделе дека таа се истетовирала на рацете. Коментарите во врска со тетоважите биле позитивни, а многу корисници искоментирале дека и ним им е потребно такво нешто.

Идејата за тетоважите дошла од нејзиното друштво, откако некој на шега и’ рекол дека треба да си напише ознаки за страните на рацете, а таа тоа го сфатила буквално и отишла кај тату-мајстор за да може идејата да ја спроведе во дело. Тетоважите најмногу го воодушевиле нејзиното момче, според кое тие се супер функционални.

 

Извор:          kurir.rs