(ФОТО) Нов Инстаграм предизвик за искрени и храбри дами – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/21 3:19 PM

(ФОТО) Нов Инстаграм предизвик за искрени и храбри дами

Покрај безбројните гламурозни реклами за убавина кои сe промовираат на социјалните мрежи, тешко е да се препознае што е реално, а што не. Кожата без пори, полираната насмевка и густата сјајна коса од рекламите нè тераат да се запрашаме дали нешто не е во ред со „мене“. На крајот на краиштата, огледалото дома покажува една сосема друга приказна.

Не е тајна дека многу од овие реклами за убавина се драстично преработени, факт на кој ние многу често избираме да заборавиме. Но, сити од филтрите за убавина што најлесно „палат“ кај потрошувачите за продавање производи, Инстаграм инфлуенсерите сега заземаат став и се борат за построги упатства за тоа како козметичките производи се рекламираат преку Интернет.

Шминкерката Саша Луис Палари започна вирална кампања #FilterDrop со која ги охрабрува другите жени да ги објавуваат своите природни лица, но нејзината кампања стигна на сосема друго ниво од замисленото. Откако поднесе жалба до Агенцијата за стандарди за рекламирање (АСА) во Велика Британија, нејзината жалба навистина беше уважена и земена во предвид.

Агенцијата ја шокираше Саша кога пресуди против рекламите што „лажно го акцентираа ефектот што производот што се рекламира е способен да го постигне“. Ваквата одлука на агенцијата беше вистинско освежување и истовремено шамар за лажната и нереална страна на содржините на Инстаграм.

Објавувајќи фотографија од себе, Саша успеа да охрабри многу жени да одговорат на предизвикот и да објават фотографии од своето лице без филтер. Еве неколку од нив.