Пожарот во битолската депонија „Мегленци“ е изгасен – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/18 11:45 AM

Пожарот во битолската депонија „Мегленци“ е изгасен

Екипи на ЈП „Комуналец“-Битола со поддршка на механизација од РЕК Битола го изгаснаа пожарот што избувна во комуналната депонија „Мегленци“, лоцирана во непосредна близина на рударско-енергетскиот комбинат.

Од ЈП „Комуналец“-Битола информираат дека реагирале веднаш за да не се случи ширење на пожарот и да не се пренесе надвор од територијата на комуналната депонија.

– Ангажиравме екипи и побаравме помош од РЕК Битола и пожарникари од општина Новаци, на чија територија е комуналната депонија. Поради топлото време, пожарот зафати голема површини и се прошири, но истиот веќе е ставен под контрола. За овој пожар ја известивме и СВР Битола за да се утврди кои се причините за опожарувањето на депонијата „Мегленци“ бидејќи имаме впечаток дека пожарот е подметнат, истакна Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.

Комуналната депонија „Мегленци“ е со површина од шест хектари, а опожарени биле два хектара, информираа од ЈП „Комуналец“-Битола кои презеле и превентивни мерки за спречување на нов пожар на депонијата.

 

 

Извор:МИА