(ВИДЕО) Ибра со „Јутро је“ од Нада Топчагиќ ја прослави победата против Кротоне – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/21 1:02 PM

(ВИДЕО) Ибра со „Јутро је“ од Нада Топчагиќ ја прослави победата против Кротоне

Самопрогласениот крал на фудбалот, оваа титула може слободно да си ја понесе и кога се работи за социјалните мрежи. Позитивен или негативен контекст, неважно, Златан Ибрахимовиќ секогаш го привлекува вниманието на јавноста.

Овојпат, победата против Кротоне од 4:0 во домашното првенство и зацврстувањето на врвот на табелата на Сериа А, шведскиот интернационален со босански корени ја прослави со песна. И тоа каква песна. Фолк хитот ечеше од станот каде што се наоѓаше популарниот Ибра кој расположено заигра на нотите познати за ова поднебје во последните две децении.