Непланирана незгода се случила на сет на снимањето на филмот „Не гледај горе“, а подебелиот крај го извлекла Џенифер Лоренс, некогашната добитничка на „Оскар“. Се започнало наопаку после експлозија каде се скршило стакло.
Едно парче ја погодило актерката во лице, над окото. Присутните веднаш притрчале да и помогнат. За среќа, Џенифер не била тешко повредена, но сепак морала да оди во болница.
„Стаклото ја погоди во лице, но постоеше загриженост дека ситни парчиња може да влезат и во окото, па беше пренесена во болница, рекол изворот од сетот, а пренесува Daily Mail.
Извор: Телеграф.рс