Тетовци се изненадени од последните информации дека Општина Тетово е најзадолжена во Македонија. Трагедијата не би била толку голема, ако на терен гледаме дека нешто се работи, но со долгот очигледно завршува на друго место, реагираат граѓаните.
Тетовци се жалат дека сите досегашните општински власти со задолжените пари не ги решавале проблемите на граѓаните туку ги трошеле парите за себе, односно за плати и придонеси за бројната општинска администрација, која од година вгодина се зголемува. Бараат конечно решавање на долгогодишните проблеми, односно парите да завршуваат на вистинско место.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, вели дека Тетово бил град за пример по домаќинско работење, сега и со помош од владата општината никако да излезе од долгови, а од друга страна проблемите не се решаваат.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека задолженоста е и резултат на бројната општинска администрација проблем кој треба да се решава на централно ниво. Како што рече долгот и не треба толку да не загрижува, затоа што тоа било светски тренд, а ние тој тренд треба да го следиме.